• Sat. May 18th, 2024

Патријарх Порфириј: Афтокефалност за Македонската Православна Црква- ОА

Патријархот на СПЦ, Порфириј туку што од заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје ја пренесе пораката дека СПЦ ја прифаќа автокефалноста на МПЦ Охридска архиепископија.

Во говорот , Неговата Светост Порфириј вели дека ќе ја почнaт формалната остапка и дека се надева дека сите помесни цркви ќе се радуваат на одлуката за автоќефалноста на МПЦ и дека се шири Христовата црква.

– Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј.

Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

– Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА, рече патријархот Порфириј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *