• Thu. May 16th, 2024

Парно и струја ќе има до крајот на грејната сезона уверуваат Ковачевски и Бектеши

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши уверуваат дека скопјани ќе имаат парно до крајот на грејната сезона, а и во делот на електричната енергија ќе нема проблеми затоа што сите домашни капацитети се ставени во функција за производство на струја.

Утринава во 05:50 часот беа пуштени топланите на температура од 9 степени Целзиусови. Истите работеа до 09:15 часот кога се постигна надворешна температура од 12 степени и при тоа во овој период беа испорачани 997 мегават часови топлинска енергија, рече директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на денешната прес конференција по посетата на Топлана Исток каде со министерот за економија Крешник Бектеши го одбележаа почетокот на грејната сезона.

-Денес е 15 октомври и официјално согласно закон почеток на грејната сезона. Во градот Скопје денеска има парно. Но, грејната сезона не е само парно греење. Истовремено грејната сезона значи намалување на температурите и зголемена потрошувачка на електрична енергија. Што се однесува до топлинската енергија, АД ЕСМ пред само помалку од еден месец го доби задолжението од Владата да ја преземе одговорноста да го менаџира топлинското греење во градот Скопје и во овој краток период успеавме да ги формираме трите компании, да преземеме поголем дел од вработените во БЕГ, да ги ангажираме сите вработени во нашата компанија и успешно да направиме старт на денешната грејна сезона“,рече Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *