• Thu. May 16th, 2024

Пандемијата не е пречка да го развива талентот. Зорица Ѓоргиева учествува на меѓнародни онлајн натпревари по пеење

Затворените граници и училишта, различниот начин на живеење ја обележаа 2020 година. Од прозорците на своите домови најдобро се гледа, сепак, во оној што ни нуди да го почувствуваме светот – интернетот. Таму осознаваме дека не сме единствените кои се справуваат со вирусот, стравовите, загриженоста. Но, тој нуди и можност да продолжиме со многу од нашите активности, на поинаков начин.

Тоа го потврдува и младата Зорица Ѓоргиева, која не престана да го прави тоа што најмногу ја исполнува – пеењето. Напротив, времето дома го користи да го развива својот талент, но и да учествува на меѓународни натпревари по пеење, кои поради ситуацијата се случуваат онлајн.

Зорица на својот профил на фејсбук објавува кратки видеа на кои пее песни во повеќе жанрови, а најголемиот дел од нив се всушност за учество во натпревари на Балканот и еден во Париз, Франција. Еве една изведба на Зорица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *