• Tue. May 14th, 2024

Пандевци меѓу четирите екипи што ќе се борат за КУП титулата

Академија Пандев обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Македонија откако и во реванш натпреварот го надиграа Тетекс од Тетово. На стадионот Кукуш во Турново избраниците на Панче Стојанов ги надиграа тетовчани со 4:1 и со вкупен резултат од 6:1 се најдоа во самата завршница за КУП титулата. 

Победата на Академијата и пласманот во полуфиналето од Купот  во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Пандевци се докажаа дека со едно скалило се поквалитетни од гостите кои двапати претрпеа пораз од новиот прволигаш

Освен Академија Пандев виза во полуфиналето обезбедија и Ренова и Пелистер. Последниот патник ке се знае откако победникот од дуелот Вардар-Шкупи ќе ги одмери силите со тетовска Шкендија. 

Кој со кој ќе игра во полуфиналето ќе се знае во наредниот период

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *