• Fri. May 17th, 2024

Откриени 16 мигранти и две лица повредени, откако возило удри во семафор во Струмица

ByВане Трајков

Aug 21, 2023

На 20.08.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица, едно лице управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“ изгубил контрола на возилото и удрил во семафор, по што возачот на возилото побегнал од местото. Во моментот на несреќата во возилото се превезувале 17 лица мигранти од Сирија, од кои 6 малолетници и Н.Б.(45) од село Блаце, општина Чучер Сандево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот Н.Б. и уште едно лице мигрант, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.