• Wed. May 15th, 2024

Отворен ГП Евзони за влез во Грција

ByВане Трајков

May 14, 2021

По 14 месеци спуштени рампи од денес ГП Евзони на македонско грчката граница е отворен за проток на патници од други држави. Рампите беа кренати пред 14 часот . Претходно  пограничните служби на Евзони не пропуштаа патници се додека не го добија протоколот од грчката влада. Во колоната возила кои со часови чекаа најмногу ги имаше од Србија но и од земајва.  

За разлика од Евзони на  ГП Богородица немаше голема фрекфенција. Сите што се упатуваа кон соседна Грција без задржување беа пропуштани. Велат дека биле информирани како можеле да влезат.

Од денеска почнува туристичката сезона во Грција која  дозволи влез и на странски туристи. Сите кои планираат да патуваат во Грција ќе мора претходно да се пријават на травел. Гов.гр и да нграницата да приложат вакцинален сертификат или негативен пцр тест

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *