• Wed. May 15th, 2024

Отворена обновената поставка на Завод и Музеј, Струмица

ByDimitar Micev

May 18, 2018

Повеќе од 1000 артефакти кои се дел од богатото културно-историско наследство на Струмица денес беа изложени во Н.У. Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј, Струмица. Обновената поставка на Завод и Музеј, Струмица, која преку мултимедијалниот пристап ја раскажува приказната за градот, е непроценливо културно и историско богатство на струмичкиот крај. Директорката на Н.У. Завод и Музеј, Струмица, Василка Георѓиева рече дека музеите се важни средства за размена на културите и збогатување на културните наследства.

На свеченото отворање на обновената поставка присуствуваше и Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски. Тој рече дека оваа поставка е со многу оригинални приказни од сите историски периоди на струмичкиот крај. Според него, културното наследство во Македонија, има потреба од промени.

Елеонора Петрова, директор на Управаат за заштита на културното наследство, рече дека вакво отворање на обновената поставка се случува еднаш во 30 години.

Меѓународниот ден на музеите се слави секоја година на 18 мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *