• Sun. May 19th, 2024

Осум банки заинтересирани за соработка со „Пошта“ треба да достават понуди до крајот на месецов

By

Sep 28, 2020 #БАНКА, #пошта

Стечајот на Еуростандард банка сериозно го наруши работењето на „Македонска пошта“, која на дневна основа генерира големи загуби поради оневозможување на услугата во платниот промет во над 330 поштенски единици на територијата на целата држава

Банките што изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на „Пошта“ до крајот на месецот треба да одговорат за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на банка што ќе го преземе платниот промет во поштенските единици, по пропаѓањето на Еуростандард банка.

Интерес за склучување договор со Пошта пројавија осум банки. Меѓу нив, НЛБ банка официјално соопшти дека пројавила интерес за соработка, а оние банки што ги контактирала МИА интерес пројавила и ТТК банка.

Вклучени во процесот наведуваат дека при изборот на банката што ќе го склучи договорот е важна компатибилноста на софтверот што го воспоставила Еуростандард банка во поштенските единици, за да не се губи време во нова обука на вработените.

извор: http://360stepeni.mk

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *