• Sun. May 12th, 2024

Ослободување од работа на хронично болните со потврда од лекар специјалист

Министерството за труд и социјална политика(МТСП) информира дека согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести, од работа и работни активности треба да бидат ослободени лицата кои врз основа на приложена потврда од лекар специјалист ги имаат следните состојби: Хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабет ТИП 1, малигни заболувања, имуно-компромитирачки состојби.

Во наредните 14 дена ослободени од работа и работни активности се и бремените жени.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата вчера ги донесе на седницата за превенција од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус).

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *