• Thu. May 16th, 2024

Општина Струмица му додели Крст реликвијар (енколпион) од Цареви Кули (12-13 век) на фаќачот на Светиот крст – Љубе Шопов

ByЃ. K.

Jan 19, 2024

Со традиционалното осветување на водите и положување на крстот, денеска во градот и населените места во општина Струмица беше одбележан празникот Водици – Богојавление, во чест на денот кога Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Во Струмица, во присуство на претставници од Струмичката епархија, претставници од Општина Струмица и голем број граѓани, традиционалниот ритуал беше извршен на базенот „Аквариус“, а најбрз и највешт при фаќањето на крстот беше Љубе Шопов од Струмица.

Со желба за здравје и среќа во текот на целата година, од името на Општина Струмица, заменичката на градоначалникот Елена Магеровска Паликарова, му врачи Крст реликвијар (енколпион) од Цареви Кули (12-13 век).

Општина Струмица на сите христијански верници им го честита празникот Водици. Нека е за многу години.

By Ѓ. K.