• Fri. May 17th, 2024

Општина Струмица го поддржува одржувањето на Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“

ByЃ. K.

Feb 21, 2024

Во чест на познатиот актер Игор Маџиров се одржува Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“ во организација на НУ Театар за деца и младинци – Скопје.

Во чест на Маџиров, а во интерес на многубројната детска публика, Општина Струмица го поддржа одржувањето на минатогодишното издание на овој фестивал.

Во рамките на воспоставената соработка со театарот, градоначалникот Костадин Костадинов на пречека директорката Катарина Илиевска Силјановска која лично му се заблагодари за поддршката и заедно го потврдија продолжувањето на соработката.

By Ѓ. K.