• Thu. May 16th, 2024

Општина Гевгелија продава парцели за домување во населбата Караорман

ByВане Трајков

Aug 27, 2019

Осум градежни парцели за индивидуално домување во населбата Караорман – една во населбата на Моински пат и една парцела за изградба на станбена зграда во близина на новиот пазар, се понудени на продажба од општина Гевгелија по пат на електронско јавно лицитирање.

Површината на градежните парцели во населбата Караорман се движи од 285 до 674 квадратни метри, додека парцелата кај Моински пат е со површина од 452 квадрати. За сите нив почетната продажна цена изнесува 61 денар за квадрат. Со иста почетна цена во населбата кај Моински пат ќе се продава и парцела за изградба на објект од лесната индустрија, чија површина изнесува 5.603 квадратни метри.

Парцелата за изградба на станбена зграда во близина на новиот градски пазар во Гевгелија ќе се продава со почетна цена од 2.570 денари за квадратен метар.

Пријавувањето за парцелите наменети за индивидуално домување ќе трае до 11 септември, а наддавањето ќе се одржи на 13 септември. За објектот од лесната индустрија и за станбената зграда пријави ќе се примаат до 23 септември, а наддавањето ќе се одржи на 25 септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *