• Fri. May 17th, 2024

Општина Гевгелија за првпат домаќин на Државното првенство во карате за деца од 10 до 14 години

ByЃ. K.

Apr 30, 2024

Општина Гевгелија беше по првпат домаќин на Државното првенство во карате за деца на возраст од 10 до 14 години, на коешто учествуваа над 350 натпреварувачи од 48 клубови во Македонија. Настанот го отвори градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој истакна:

-Ова е прекрасна можност за сите млади да ја видат убавината на спортот, ваквите настани имаат голем придонес во овозможување правилен развој на нашите деца и идните генерации. Ме радува фактот дека Гевгелија постојано расте во поглед на бројноста на организирани настани. Ова е можност за сите млади да ја видат убавината на спортот, ваквите настани имаат голем придонес во овозможување правилен развој на нашите деца и идните генерации.
Државното првенство беше во организација на Карате федерацијата на Македонија, во соработка со Карате клубот „Армор“- Гевгелија.

By Ѓ. K.