• Thu. May 16th, 2024

Општина Богданци обезбеди 1.500.000,00 денари за изработка на комплетна техничка документација за атмосферска канализација за град Богданци

ByВане Трајков

Jul 22, 2019

Согласно распишаниот конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2019 година од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Богданци доби финансиски средства за проектот: „Изработка на комплетна техничка документација за атмосферска канализација за град Богданци“.

За таа цел општината распиша оглас за јавна набавка каде согласно критериумот најниска цена беше избрана понудата на ДПИТУ ХИДРО ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕРИНГ ДОО СКОПЈЕ. Вкупната вредност на договорот изнесува 1.401.085,00 денари, од кои 1.000.000,00 денари ќе исплати Министерството за животна средина и просторно планирање, а остатокот од 401.085,00 со вклучен 18% ДДВ ќе го исплати Општина Богданци.

Рокот за реализација на договорот изнесува 6 месеци и истиот вклучува изработка на проект за инфраструктура, ревизија на проект за инфраструктура, изработка на основен проект и ревизија на основен проект за 25-ти мај, Гегова река, Медурска и Љокова река.

Со оваа техничка документација ќе биде предложено решение за прифаќање и одведување на атмосферските води во Богданци кои при обилни врнежи се зголемува нивното количество и истите прават оштетувања на инфраструктурата и домовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *