• Tue. May 21st, 2024

ОПМ: Внимавајте каде пазарите, не постои начин да се спречат измамите при онлајн купување

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во 2021 и во 2022 година има добиено над 420 поплаки од потрошувачи во делот на онлајн купувањето. Најмногу од поплаките, како што информираат за МИА, се за техничките карактеристики на производите, доставувањето оштетен производ или откажувањето на нарачката.

Од ОПМ препорачуваат при онлајн продажбата, потрошувачите да не даваат премногу лични податоци доколку им се сомнителни онлајн местата од кои купуваат и секогаш да ги проверуваат сметките или извештаите од банка по извршено плаќање.

– Поплаките обично се однесуваат на неисполнување на техничките карактеристики на производите коишто ги купиле, доставување оштетен производ, производ во различна боја од нарачаната, друга големина, доставување понеквалитетен од оној којшто бил презентиран или рекламиран, односно испорака на производи што не соодветствуваат со описот и сликите, не издавање гаранција и упатство за употреба при нарачка на технички производи, неиздавање на фискална сметка или фактура за извршеното плаќање и купување на производите. Како чест проблем е и немањето доволно информации за повлекување од договорот и откажување на нарачката, велат од ОПМ.

Нагласуваат дека во земјава се уште нема механизам со кој би се спречиле онлајн измамите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *