• Wed. May 15th, 2024

ООУ „Видое Подгорец“ го одбележа својот патрон празник

ByЃ. K.

Apr 15, 2024

Вчера се навршија 27 години од смртта на Видое Подгорец, најплодниот македонски литерат за деца и возрасни, автор на книгите „Белото Циганче“, „Ајдучка чешма“, „Прости ми канаринке“, „Шумскиот разбојник“, „Весела азбука“ и на уште стотина други.

По тој повод, денес, со пригодна програма и положување свежо цвеќе пред бистата на поетот, струмичкото ООУ „Видое Подгорец“ го одбележа својот патрон празник.

Од името на Општина Струмица членовите на Советот на општина Струмица Александар Ненчев и Танкица Митрева положија свежо цвеќе пред бистата на Видое Подгорец која се наоѓа во училишниот двор.

By Ѓ. K.