• Sat. May 18th, 2024

Од 2021 година нема да има веќе бесплатни пластични кеси . Нијниската цена на кесиte ќе биде 10 денари

Од 2021 година нема да има веќе бесплатни пластични кеси во маркетите. Нијниската цена на пластичните кеси ќе биде 10 денари. Ова го предвидувааат измените на Закон за управување со отпад кој е во собраниска процедура и се очекува да бидат донесени до крајот пред распуштање на Парламентот.Од стопанската комора велат дека ова треба да го намали бројот на пластични кеси кои се одлагаат како отпад. При тоа компаниите кои произведуваат пластични кеси во рок од една година ќе треба да го прилагодат своето производство, а граѓаните за овој период ќе треба да почнат да ги исфрлат од употреба кесите.Од Асоцијацијата ги поздравуваат новите решенија предвидени со измените на Законот., бидејќи како што рекоа, ги решава главните проблеми во нивното работење. Посебно значајно за нив е решението кое предвидува фирмите во завршните сметки да прикажат дека го платиле надоместот за селекција и управување со отпадот.Управувачите со отпад од индустријата апелираат општините да се вклучат во обезбедувањето системот непречено да функционира кога се предвид граѓаните и она што го селектираат да се најде на вистинското место.
– Селектираниот отпад од граѓаните најверојатно ќе треба да го собираат неформалните собирачи кои треба да бидат интегрирани во системот. Со тоа добиваат граѓаните бидејќи нивниот отпад ќе заврши онаму каде што треба, добиваат неформалните собирачи кои ќе добијат сигурно вработување и општините кои нема да се грижат дека граѓаните создаваат диви депонии – велат од Асоцијацијата.Од Асоцијацијата се надеваат дека измените на Законот за отпад ќе бидат донесени од страна на Собранието пред неговото распуштање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *