• Fri. May 17th, 2024

Од утре поевтин дизел – нови цени на горивата

ByЃ. K.

Oct 27, 2023

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 24.10.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,508%, кај дизелот за 2,946%, кај екстра лесното масло за 2,379% и кај мазутот намалувањето е за 1,858%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,367%

Од 28.10.2023 година од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

<

Моторен бензин Еуросупер БС-95 – 81,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС-98 – 84,00 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 82,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 82,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС – 47,174 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

By Ѓ. K.