• Wed. May 15th, 2024

Од полноќ ново поскапување на горивата

ByЃ. K.

Feb 12, 2024

Според одлуката на РКЕ, горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат од половина до денар и половина за литар.

Од полноќ горивата поскапуваат од половина до денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ, бензинот еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, еуросупер БС-98 поскапува за еден денар, а цената на дизелот се зголемува за денар и половина.

Според тоа, литар еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 81 денар, еуросупер БС-98 ќе чини 83,5 денари за литар, а литар дизел ќе чини 79,5 денари.

За половина денар од ноќеска на полноќ се намалува цената на екстра лесното масло за домаќинство кое од ќе се продава по цена од 76,5 денари за литар.

By Ѓ. K.