• Tue. May 21st, 2024

Од отворањето на градинките со коронавирус се заразиле 9 деца и 13 вработени

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека само 9 деца во целата земја кои посетувале градинка од отворањето на градинките на 9 септември биле позитивни на коронавирусот, со лесна симптоматологија, а 4 се веќе оздравени.

„Епидемиолошките анкети на случаите во градинките укажуваат дека главно станува збор за пренос на инфекција надвор од установите. Ова покажува дека доследното почитување на протоколите во рамките на установата значи безбеден воспитно-згрижувачки процес за сите“, вели министерот Венко Филипче.

Денеска со градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, тој ја посети градинката „Бубамара“ во населбата Аеродром каде што разговарале со директорката и вработените како се одвива воспитно-згружувачкиот процес со спроведување на протоколите.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *