• Thu. May 16th, 2024

„Од другата страна на екранот“ – конференција за тинејџери во Гевгелија

ByЃ. K.

Nov 29, 2023

На 1.12.2023 со почеток од 12:00 часот во Домот на културата во Гевгелија ќе се одржи конференција за тинејџери насловена како „Од другата страна на екранот“. На истата, младите директно ќе можат да се запознаат со неколку познати инфлуенсери од државава. Тоа се: Иван Ајнштајн, Кике Цветче, Александар Динев и комичарот Дејан Мазлараков чија публика на социјалните мрежи е претежно тинејџерска.

На конференцијата гостите ќе имаат обраќања во кои ќе објаснат што всушност се случува од другата страна на екранот, нешто што на јавноста не ѝ е познато. Ќе одговорат на прашањата од каде им доаѓаат идеите, колку и како работат на видеата што ги објавуваат.

Покрај ова, ќе се разговара и на важни теми како сајбер булинг и како паметно да се користат социјалните мрежи.

By Ѓ. K.