• Sun. May 19th, 2024

Од денес почнува делењето на корпи за отпад во градот

Од Карпош и Чифлик маало денеска започна распределбата на корпите за отпадоци кои се наменети за индивидуалните домаќинства.Акцијата започнува денес а кантите до секое домаќинство треба да бидат распределени до 10 септември
Градоначалникот Јаневски смета дека акцијата ќе овозможи подобрување на управувањето со отпад.


Кантите не се сменети 20 тина години вели директорот на ЈКП Комуналец, па сега се отворила можноста и во соработка со општината обезбедиле бесплатни канти за секое домакинство.

Во програмата на еко кампањата Еко Фронт во организација на Општина Струмица и ЈПКД Комуналец беа набавени 8500 стандардизирани корпи за отпадоци за индивидуалните домаќинства. Изминатиов период акцијата на делење на корпите се одвиваше во сите населени места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *