• Tue. May 14th, 2024

Од вечерва на полноќ пониски цени на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар.

Од полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 26.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 23,260 ден/кг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *