• Sun. May 19th, 2024

Од вечерва започнува аеросолната дезинфекција во Општина Радовиш

ЈП „Плаваја“ воо согласност со донесените Одлуки на општинскиот кризен штаб во врска со спречување на заразата и ширењето на болеста Ковид-19 информираат дека:

Четврток 23 Јули 2020 година ќе се започне со дезинфекција на влезовите на сите станбени згради за колективно домување.

Од таму замолуваат доколку имате предмети на одмаралиштата да ги сместите на друго место за да може да се изврши дезинфекцијата соодветно.

Исто така Четврток 23 Јули 2020 година Аеросолната дезинфекција на улиците низ целата општина ќе започне во 23:00 часот од периферните улици кон центарот на Радовиш.

Апелираат во тој период без потреба да не се движите пеш или со Вашите превозни средства (автомобили, мотори, мопеди, велосипеди или слично) со цел да не ја забавувате работата на специјалното возило кое ја прави дезинфекцијата и да не бидете случајно наводенети.

Ова особено се однесува на улиците во централното градско подрачје каде сообраќајот и движењето вообичаено се погусти.Сите следни активности во врска со дезинфекцијата ќе бидат навремено објавувани овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *