• Sun. May 19th, 2024

Одронот на камења на автопатот Штип Миладиновце не е отстранет веќе неколку месеци

By

Feb 6, 2022

Најновиот автопат во земјава Штип-Миладиновце со низа на препреки за возачите, освен што се градат новите патарини кај Кадрифаково и Преод, кон Скопје на одреден дел од автопатот се вози и по едната лента.

Свлечиште од карпи го попречува нормалниот сообраќај.

Овој одрон стои веќе неколку месеци.

Веста за жителите на истокот и југоистокот е дека  на терен излегле стручни лица, кои дале стручно мислење како да се санира свлечиштето.

Свлечиштето на десеттиот километар на автопатот Штип-Миладоновци ќе се санира по изборот на градежна компанија.

Министерот Бочварски при денешната посета во Кочани информираше дека рокот за изградба на ексресниот пат од Крупиште до Кочани е септември годинава.

Крајниот исток, Малешевско-Пијанечкиот регион засега останува без експресни патишта, но од средбите меѓу македонскиот и бугарскиот министер за транспорт високо во агендата им е поврзувањето преку преминот Клепало кај Берово. Објектите на  преминот со децении си стојат, забот на времето веќе ги има уништено, а од бугарска страна не се изградени вкупно 13 километри отварањето на граничниот премин Клепало.

извор:https://telma.com.mk/2022/02/05/%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%9A%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF-%D0%BC%D0%B8/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *