• Wed. May 15th, 2024

Објавен редоследот на поворката во Струмичкиот карневал 2024

ByЃ. K.

Mar 13, 2024

На овогодинешниот Струмички карневал ќе има 47 карневалски маски и преку 1000 учесници од Македонија и регионот.

Поворката ќе ја отворат карневалисти од Кукуш, Грција, а последни ќе се претстават гостите од Турција.

Како и секоја година дефилето ќе го предводи кралската свита со принцот и принцезата кои ќе бидат избрани на Маскенбалот во хотелот „Сириус“.

By Ѓ. K.