• Sun. May 19th, 2024

НУЦК „Антон Панов“ се стекна со сертификат за квалитет

Центарот за култура Антон Панов од Струмица доби сертификат за квалитет. 

Сертификатот IASS 2019-2021 се доделува за квалитетот на услугите што ги дава оваа јавна установа.

Важноста на сертификатот е две години и  по истекот на овој рок може да се продолжи. Овој сертификат го доделува здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИАСС Скопје. 

Во нивното образложение наведуваат дека се доделува по подолга анализа и експертиза на услугите и доверливоста спроведена од клиенти корисници но и врз база на позитивните спомнувања на интернет.

Антон Панов сертификатот може да го користи во иднина за докажување на квалитетот во деловните процеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *