• Sun. May 12th, 2024

Нов позитивен во Струмица, во земјава за последните 24 часа 118 новозаболени од ковид 19

ByВане Трајков

Aug 20, 2020

Во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 меѓу кои и во Струмица каде е регистриран нов позитивен. Како што информираа од Центарот за јавно здравје станува збор за жена на возраст од 53 години која е поврзана со веќе познат кластер. Од таму информриаа дека состојбата е стабилна . од почетокто на панедмијата под струмичкито центар за јавно здравје евидентирани се вкупно 55 од кои во моментов се водат 26 активни случаи на коронавирус.

Новите случи во дневната ковид статистика се од Скопје 55, Куманово 12, Прилеп 8, Тетово 6, Штип 5 случаи во Кавадарци и Кичево се евидентирани по 4 нови случаи а во Струга, Велес, Битола, Охрид, Гостивар, Берово, Виница, Делчево, Прибиштип, Кратово, Свети Николе, Кочани по 1 до 3 случаи. Според информацијата од министерството за здравство  три пациетни од Тетово, Штип и Струга починале а Од институтот за јавно здравје инофрмираа дека регистрирани се 127 оздравен и пациенти

Досега во земјата се направени вкупно 132493 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13194, бројката на оздравени пациенти е 9752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2888.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *