• Tue. May 21st, 2024

Нов водоснабдителен систем за Негорци и Прдејци

Со реализација на овој проект ќе се реши долгогодишниот проблем на овие населени места со водоснабдувањето. Покрај овие градежни зафати, со овој проект кој изнесува околу два ипол милиони евра средства од грантот од KfW банка ќе се реализираат и други проекти на територијата на општина Гевгелија.

Се предвидува и атмосферска канализација на потегот од Инќот до железничката станица во Гевгелија. Исто така атмосферска канализација ќе биде изградена на улиците „Никола Карев“ и „Серменинска“, а проектот предвидува и реконструкција на водоводната линија до село Богородица.

Во оваа прилика сакам да истакнам дека ќе трае целиот проект некаде околу 500 дена и во овој период ќе има градежни активности на различни места во нашата општина што ќе придонесе во одредени периоди да има и отежнато движење на сообраќајот на одредени места.

Затоа барам и апелирам до моите сограѓани за трпение до завршување на овој проект, кој што е од суштинско значење и од голем бенефит на сите граѓани на општина Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *