• Fri. May 17th, 2024

Ново село на референдум за или против рудникот за злато Иловица

ByВане Трајков

Sep 17, 2017

Во општина Ново село  денеска граѓаните на референдум се изјаснуваат за или против отварање рудникот за злато Иловица кој ќе врши ископ на руда и во нивната општина. Граганите сметат дека треба да се слушне нивниот глас  оти тие ќе живеат во средина со рударски капацитети. Ново село е шестата општина од југоистокот каде граѓаните се изјаснуваат за отварање или не на рудници во нивните средини

Според информациите од ОИК засега нема евидентирано неправилности  на референдумот во  Ново село каде жителите се изјаснуваат за или против отварање на рудникот за злато Иловица на планината Огражден.  Според информациите во 10 часот излезноста била околу 6 одсто а во 13 часот околу 16 одсто што е подобро во однос на Босилово . Во ова општина  право на глас имаат  11438 грагани на 20 изборни места а за да биде успешен треба да излезат 50 одсто плус 1 или 5720 грагани

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *