• Sat. May 18th, 2024

Ново Село и оваа година се приклучува на организираните бадникови поворки

ByЃ. K.

Jan 5, 2024

Традиционално и оваа година Ново Село се приклучува на организираните бадникови поворки по повод Бадник, денот пред Христовото раѓање – Божиќ.

За таа цел на ден 06.01.2024 година (сабота) во 10:30 часот во просториите на општината, градоначалникот Ѓорѓе Божинов ќе ги пречека сите дечиња кои ќе ги дарува со божиќни пакетчиња. Бадниковата поворка ќе започне од црквата Св.Ѓорѓи во Ново Село од 10:00 часот каде ќе се упатат кон општината.

Општина Ново Село ги повикува граѓаните со своите дечиња да се приклучат и сите заедно да му пеат на нашиот Бог.

By Ѓ. K.