• Sat. May 18th, 2024

Во Струмица нови 13 заболени од ковид-19

Од починатите, седум лица ја загубиле битката со коронавирусот во последните 24 часа, додека останатите смртни случаи се од втората половина на септември

Во последните 24 часа направени се 4 295 тестирања, а регистрирани се 468 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.

Од новите случаи најмногу се во Скопје – 227, додека останатите се во: Куманово – 41, Штип – 26, Велес и Охрид – по 23, Кавадарци – 16, Струмица – 13, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 11, Битола – 8, Гевгелија, Свети Николе, и Радовиш – по 7, Тетово, Виница и Пробиштип – по 5, Струга – 4, Неготино, Ресен, и Валандово – по 3, Кичево, Кратово и Богданци – по 2, Гостивар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 284 оздравени пациенти од: Скопје – 149, Куманово – 28, Кавадарци – 14, Велес – 13, Битола – 10, Шип – 9, Струмица, Кичево и Гостивар – по 7, Прилеп и Кочани – по 6, Свети Николе и Валандово – по5, Гевгелија, Виница и Кратово – по 3, Делчево и Неготино – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 7 лица: 2 починати лица од Скопје (61г, и 91 г), по едно починато лице од Кочани (74г), Виница (69г), Кичево (56г), Прилеп (73г), и Струмица (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, додаваат од Министерството за здравство, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени сè уште 4 починати лица, со датум на смрт од 15.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Битола и едно лице од Скопје, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *