• Tue. May 21st, 2024

Новина во мерките: Оние кои прележaле Ковид-19, 45 дена ќе можат да одат по кафеани без примена вакцина

Новина во мерките: Оние кои прележaле Ковид-19, 45 дена ќе можат да одат по кафеани без примена вакцина.

Граѓаните кои ќе го прележат коронавирусот, во следните 45 дена ќе можат да одат во кафеани и на настани без вакцина. Ова е новината која ја најави министерот Венко Филипче, а ќе биде дополнување на мерките кои од понеделник ќе се применуваат низ целата држава. Според него, тоа е доволен простор за граѓаните да имаат време да се вакцинираат.

„Освен бараниот сертификат за вакцина, ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во изминатите 45 дена. Сето ова ни укажува дека единствено решение е да се зголеми опфатот на вакцинирани. Се зголеми интересот по најавата за новите мерки. Ако граѓаните имаат дилема, сакам да ги охрабрам да одат да се вакцинираат. Одличен е одзивот по најавата за новите мерки“, рече Филипче.

Прашан колкав процент од заразените се лица кои биле на прослави, забави, свадби, министерот рече: „Анализата пред една недела покажа дека 40 отсто кажале дека биле на некаква прослава. Тоа не е чудо. И минатата година проблем беа кластерите каде имаше масовни собири“.

За евентуално воведување на мерки за влез и излез од Македонија, Филипче рече: „Ова е прв чекор со кој сакаме да ја поттикнеме вакцинацијата. Дополнително ќе разговараме“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *