• Wed. May 15th, 2024

Не се знае кога учениците ќе се ослободат од заштитните маски

 Не се знае кога учениците ќе се ослободат од заштитните маски

Останува препораката, учениците и наставниоците да носат заштитни маски во училиштето. Од МОН велат дека немаат надлежност за носење на препораки, ќе чекаат комисијата за заразни болести да се произнесе кога ќе биде најбезбедно, децата и наставниот кадар да ги тргнат маските.

Министерот за образование Шаќири денес на средба со локалните самоуправи, бизнис-секторот и средните стручни училишта во Струмица и Валандово. Дијалогот е во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно” со цел креирање на уписната политика и унапредување на средното стручно образование.

Во две средни училишта во Струмица веќе се спроведува дуалното образование, а интересот на учениците е на задоволително ниво.

2.000 ученици кои од есенва почнаа да го посетуваат дуално образование, добиваат и по 3.500 денари месечна стипендија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *