• Wed. May 15th, 2024

На 16 септември, Гевгелија домаќин на 2. по ред саем за промовирање на локалниот развој

ByЃ. K.

Sep 13, 2023

Гевгелија ќе биде домаќин на новиот LAG EXPO 2023: Саем за промовирање на локалниот развој, којшто ќе се одржи на 16 септември 2023 година (сабота), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 12:00 часот. На вториот по ред LAG ЕХО 2023, ќе учествуваат 5 локални акциски групи од 18 општини, говорници од земјата и странство и над 40 изложувачи со штандови за претставување на локални производи и храна, како и промоција на убавините и потенцијалите од разните краишта на државата.

Посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе информации иницијативи на локален развој од домашни и меѓународни гости и експерти, да вкусат традиционална локална храна и пијалаци, да уживаат во изложените рачни изработки, производи од природата и останати производи од руралните средини направени од локални производители, да се инспирираат од извонредните успешни приказни на домашни локални производители и да ја прошират мрежата на контакти со можност за нови соработки.

Настанот се организира во рамки на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, којашто ја имплементира Мрежата за рурален развој на Северна Македонија во соработка со Локалните акциски групи: „Абер 2015“, „Беласица-Огражден“, „Бојмија“, „Малеш-Пијанец“ и „Плачковица“.

By Ѓ. K.