• Sat. May 18th, 2024

На УГД во Струмица слободни места за 325 нови студенти- еве за кои студиски прогрaми

ByВане Трајков

Aug 24, 2022

Во наставниот центар на УГД Штип во Струмица во новата академска година може да се запишат вкупно 325 студенти на студиски програми од 5 факултети. Вака информираше Лилјана Гудева од кампусот каде во наредните  четири работни дена ќе се врши упис на идните бруцоши. Во Струмица може да се студира на студиски програми на Правен, Земјоделски, Филилошки, Машински и Техничко технолошки факултет.

Во Струмица ќе може да се студира на правниот факултет – вкупно 80 студенти, на земјоделскиот студиска програма Градинарство – 50 студенти, на Филолошки студиски програми Англиски јазик – 50 и Италијански јазик – 35. Во Струмица настава ќе има и на студсиките програми Мехатроника и Машинско инженерство од Машинскиот факултет каде на двата смера може да се запишат 70 студенти а од годинава свои дисперзирани студии во Струмица ке има и Технолошко техничкиот факултет со две студиски програми Дизјан и технологија на текстилна облека и Прехрамбена технологија каде ќе се примат по 20 студенти

И годинава УГД ќе ослободи над 200 студенти од партиципација во прва година, кажа Гудева. Станува збор за сите студенти на студиската програма македонски јазик но и најдобро рангираните на остантите факултети каде партиципацијата изнесува 100 односно 200 евра.

Во однос на наставата таа ќе биде согласно препораките од Комисијата за заразни болести иако и досега УГД истата ја одржуваше по хибриден модел со физичко присуство на предавања и вежби на студенти кои се во помали групи додека поголемите наставата ја следа онлај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *