• Sun. May 19th, 2024

На територијата на СВР Струмица нови 10 граѓани го прекршиле полицискиот час

ByВане Трајков

Mar 27, 2020

Ноќта на 26/27.03.2020 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица 10 граѓани, од кои 4 се малолетни лица, а 6 останати граѓани ги прекршиле прописите и наредбите предвидени од страна Владата и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период.

Седум од овие лица се затекнати на подрачјето на Полициската станица Радовиш, а три на подрачјето на Полициската станица Струмица. Во    просториите на полициските станици се приведени седум лица.

Воедно на 26.03.2020 година до надлежните обвинителства се поднесени и 5 кривични пријави против 6 лица кои во претходниот период ја         прекршиле предвидената забрана за движење во определен период, односно сториле кривично дело „непостапување според здравствените         прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од Кривичниот законик на РСМ, од кои 3 пријави против 4 лица се поднесени до Основно јавно  обвинителство Радовиш и 2 пријави против 2 лица до Основно јавно обвинителство Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *