• Sun. Jun 16th, 2024

На Табановце се чека 90 минути, на Богородица се чека до 40 минути

Гужва на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 60 до 90 минути, а на ГП Богородица време на чекање за влез и излез од државата е околу 30 до 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде [to има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 1.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони

извор: макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *