• Fri. May 17th, 2024

На скопскиот аеродром денеска слета првиот авион на „Луфтханза“ од Франкфурт

Авиолинијата Скопје – Франкфурт се реализира со субвенции на Владата, а освен на „Луфтханза“, субвенции ќе ѝ бидат доделени и на унгарската „Визер“ која од ноември годинава треба да воведе четири нови авиолинии. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт десет пати неделно почнувајќи од денеска, а „Визер“ за новите четири дестинации ќе лета три пати неделно од 1 ноември

На Меѓународниот аеродром Скопје попладнево слета првиот авион на „Луфтханза“ од Франкфурт, со што се означи стартот на новата авиолинија и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар.

Авиолинијата Скопје – Франкфурт се реализира со субвенции на Владата, а освен на „Луфтханза“, субвенции ќе ѝ бидат доделени и на унгарската „Визер“ која од ноември годинава треба да воведе четири нови авиолинии – од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцубург и до Љубљана