• Thu. May 16th, 2024

На „Легендарниот ракометен натпревар“ во Радовиш силите ќе ги одмерат играчите од клубот и ракометари-ветерани

ByЃ. K.

Dec 16, 2023

Настанот „Легендарен ракометен натпревар“ ќе се одржи во СРЦ „25 мај“ во Радовиш на 21.12.2023 година, со почеток од 19:30 часот, веднаш после првенствениот натпревар кој ќе се одигра со РК Металург-РА.

На „Легендарниот ракометен натпревар“ играчите кои ќе ги бранат боите на клубот настапуваат во Првата ракометна лига и легендарни ракометари-ветерани кои ги бранеле боите на РК Радовиш во изминатите децении.

By Ѓ. K.