• Mon. May 13th, 2024

На ГП Богородица се чека и по 3 часа, вистински хаос

ByЃ. K.

Jul 22, 2023

Хаос на граничниот премин „Богородица“  за излез од Македонија  во Грција. Граѓани чекаат над 3 часа, а колоната возила станува сѐ поголема и поголема.

Според информациите на Вечер.мк покрај тоа што споро оди целата работа, дополнителен проблем се и несовесни граѓани кои со своите возила излегуваат од колоната и потоа се обидуваат да стигнат понапред возејќи по работ.

Иако од АМСМ утрово соопштија дека се чека околу 40 минути, сепак реалноста на терен е поинаква. Граѓани од 7 утрово чекаат и до 10 сѐ уште се далеку од излез.

Извор: Вечер

By Ѓ. K.