• Mon. May 20th, 2024

Наставниците да седат дома, административниот кадар на работа, освен оние со деца до 10 години

Министерството за образование и наука информира дека сите вработени во основните и средните училишта се целосно ослободени од работните обврски. Административниот кадар, пак, во високообразовните установи има обврска да биде на работа, со исклучок на хронично болните, бремените жени и оние чии деца се помали од 10 години. 

Препорака на наставниот кадар во високообразовните установи е да биде на работа само ако има неодложни обврски – давање потписи, одржување состаноци и други тековни работи. 

Во меѓувреме МОН заедно со Бирото за развој на образованието ќе подготват план за организирање на наставата за деновите кои нема да се работат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *