• Sat. May 18th, 2024

Наскоро нови цени за струја

Наскоро нови цени за струја.

До крајот на јуни ќе има корекција на цената на електричната енергија. За колку ќе се зголемат трошоците на граѓаните за сметките за струја се уште не е познато. ЕВН денеска ги достави трошоците до Регулаторната комисија за енергетика, кои влегуваат во формирањето на финалната цена која ја плаќаат корисниците. Тоа значи дека од утре ќе започнат пресметките, и колку повеќе трошоци прифати регулаторот толку ќе биде повисока цената за електрична енергија.

„ЕВН Хоме и Електродистрибуција доставуваат податоци за трошоци до Регулаторна комисија за енергетика, а РКЕ понатаму одлучува колку и кој дел од трошоците ќе го прифатат“, наведоа од ЕВН Хоум.

Освен оваа ставка, тука влегуваат и цената на струјата која ЕСМ ја икспорачува на Универзалниот снабдувач, потоа трошоците на МЕПСО кои велат дека се во завршни пресметки пред да ги достават до регулаторот, а има и трошоци за обновливи извори.

А, регулаторот подготвува и нов тарифник. Според информациите, граѓаните кои трошат помалку струја во месецот ќе имаат и пониски сметки, домаќинствата кои трошат повеќе ќе им се наплаќа по повисоки тарифи. Новите правила имаат за цел оптимално и рационално користење на електричната енергија во време на енергетска криза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *