• Sat. May 18th, 2024

Наесен нов бран позитивни од Ковид 19

Наесен нов бран позитивни од Ковид 19

Продолжува трендот на опаѓање на бројките на новозаболени и активни случаи на ковид-19. Надлежните остануваат на ставот дека сега се наоѓаме во безбедна зона, но дека треба да бидеме подготвени за евентуален нов бран во текот на есента.

„Сега се наоѓаме во многу помирен дел од пандемијата, но од есен ќе се прават подготовки за евентуален нов бран“, порача синоќа претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Тој напомена дека во моментов голем дел од европските земји имаат високи бројки на новооткриени случаи, но дека оптоварувањето на нивните здравствени системи е мало и затоа со поголема леснотија прибегнуваат кон олабавување на мерките.

„Истото се случува и кај нас, со тоа што благодарение на големиот број прележани луѓе, ние имаме малку посвеж имунитет од оној што западните земји го создаваа со вакцини со месеци наназад. Затоа кај нас паралелно со намалувањето на оптеретувањето на здравствениот систем, се намалуваат и бројките“, рече Петличковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *