• Fri. May 17th, 2024

Млад возач од Радовиш удрил малолетник и побегнал од местото на несреќата

ByВане Трајков

Jun 17, 2023

Вчера во 14 часот на ул. Калузлиска во Радовиш, патничко моторно возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(20) од Радовиш удрило во малолетен пешак од Радовиш, по што возачот со возилото напуштил лице место, но бил пронајден од полициски службеници.

Пешакот е пренесен во Здравствен дом Радовиш каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.