• Wed. May 15th, 2024

МЕПСО инсталира нова опрема во трафостаницата „Сушица“

Стручните лица од МЕПСО монтираа нова високонапонска опрема и го ставија под напон далекуводното поле што ја поврзува струмичката трафостаница кај село Сушица со трафостаницата Петрич во Република Бугарија.

Мобилните екипи на МЕПСО за три недели успеаја да монтираат нов прекинувач, два резделувачи и шест мерни (струјни и напонски) трансформатори. Сега 110 киловолтното далекуводно поле што ја поврзува трафостаницата „Сушица“ со трафостаницата „Петрич“ е функционално и е ставено под напон.

На 13 јуни се случи голем дефект во трафостаницата „Сушица“ при што се запали дел од опремаѕа заради што мораше да интервенира и локалната противпожарна служба. Тогаш без напојување со електрична енергија 20 часа останаа неколку населени места во струмичкиот регион.На трафостаницата избил пожар од непознати причини.

Екипи на ЕВН и МЕПСО заедно беа на терен и работеа на решавање на проблемот.При увидот беше констатирана ена е и голема штета на самата трафостаница и идејното реѓение беше истата да се замени односно да се инсталира нов прекинувач,разделувачи како и помали трансформатори се со цел поквалитетна струја до граѓанитеи избегнување на нов дефект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *