• Wed. May 15th, 2024

МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ, ЕКОЛОГИЈА И ХИГИЕНА ЌЕ СЕ УЧАТ НА УЧИЛИШТЕ

„Во наставата ќе се вклучат наставни содржини суштински за образованието на децата, како медиумската и дигитална писменост, хигиената која видовме и тоа како е важна во пандемијата со коронавирусот и екологија. Тие нема да бидат на сметка на останатите досегашни предмети за изучување, ќе си имаат паралелно и географија, историја, хемија, физика..“, откри премиерот додека јавноста претспоставува и нема доволно информации какви ќе бидат реформите во образованието најавени од министерката Мила Царовска.

Царовска минатата недела кажа дека е предвидено спојување на предметот историја во општествени науки, исто како што биологија и хемија ќе се интегрираат во природни.

Заев појасни дека фузирањето предмети ќе значи ефикасност, намалување на наставните содржини кои воопшто не им се потребни.

„Ќе се вметнат содржини кои ќе ја формираат личноста на детето. Не брзаме, ќе одиме полека со реформата во образованието, ќе ја ислушаме првин експертската јавност, наставниците, професорите, Бирото за развој на образованието и сите надлежни стручни органи“, рече тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *