• Thu. May 16th, 2024

МВР: Претрес во Радовиш, кај две лица пронајдена дрога

ByЃ. K.

Dec 2, 2023

На 01.12.2023 во Радовиш, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишија од слобода Д.П.(22) од Радовиш затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. .

Истиот ден, во Радовиш, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишија од слобода Н.Б.(32) од Радовиш, информира МВР .При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дигитална вага и дробилка. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.