• Thu. May 16th, 2024

Маричиќ ќе се залага за отворени кандидатски листи

Министерот за правда, Бојан Маричиќ ќе се залага за отворени кандидатски листи, иако вели дека одлуката сепак зависи од партиите во Собранието.

„Тоа е закон кој иако се носи со апсолутно мнозинство, добрата воспоставена пракса на политички дијалог укажува на тоа дека се носи со консензус. Од СДСМ има определба за една изборна единица, но зависи од волјата на останатите. Тоа е системска промена која треба да има консензус околу неа за да можеме да ја спроведеме. Доколку сите партии или главните, клучните со најмногу пратеници во Собрание се согласат околу оваа реформа, ќе ја вградиме“, рече Маричиќ.

Според Маричиќ, директниот избор ќе значи поголема врска на избраните со нивните сограѓани, наместо силна врска и зависност само од политичките партии.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *