• Wed. May 15th, 2024

Малолетник од струмичко се здобил со тешки телесни повреди откако 35-годишен возач удрил во него

ByЃ. K.

Nov 24, 2023

На 23.11.2023 во СВР Струмица било пријавено дека во 16:20 часот на магистрален пат Струмица – Ново Село, во с.Дабиле, струмичко, патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д. (35) од с. Моноспитово, струмичко, удрило во малолетен пешак од с.Дабиле.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Струмица. Увид на местото на несреќата бил извршен од екипа од СВР Струмица.

By Ѓ. K.